Клоп ги брани фудбалерите на Ливерпул: Само Сити може вака да не „искрши“

Менаџерот на новиот англиски фудбалски шампион, Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрнаа на неговиот играчи по синоќешниот убедлив пораз од големиот ривал, Манчестер Сити. Германскиот стратег тврди дека фудбалерите на Ливерпул биле фокусинари и оти прославите по потврдата на титулата не се одразиле на овој дуел.

„Видов брилијантно однесување. Видов борба. Не се однесувавме како тим кој станал шампион минатата недела. Ако има тим во светот што може вака да не „искрши“, тоа е Манчестер Сити, но ќе додјеме пак. Ни недостигаше течност и во голем дел од ситуациите беа побрзи од нас во размислувањето“ – вели клоп.

За Ливерпул ова е само втор пораз оваа сезона. Минатата недела со поразот на Манчестер Сити беше потврдена титулатан а „црвените“, а неколку дена се појавуваа фотографии и видеа од прославите на фудбалерите кои се во заедничка изолација во тимскиот хотел.

Се вчитува...