Клоп ги откачи Германците

Јирген Клоп нема намера да го наследи Ханси Флик на кормилото на германската репрезентациа и воопшто нема да влезе во преговори со федерацијата на оваа тема.

Токму стратегот на Ливерпул беше прв „пик“ на Германската Фудбалска Федерација по отказот на Флик, беше понудена и опција тој паралелно да го води Ливерпул до крајот на сезоната и да биде селектор на ЕП 2024, но агентот на Клоп децидно стави крај на овие шпекулации.

„Јирген Клоп не е кандидат за селектор. Тој има долгогодишен договор со Ливерпул, фокусиран е на работата во својот клуб и нема зошто воопшто да разговараме за било која друга функција“, изјави агентот Марк Косицке.

По ваквиот развој на настаните, Јулијан Нагелсман останува апсолутен фаворит за испразнетото место, особено откако Баерн даде сигнал дека нема да бара финансиска отштета за да го ослободи младиот стратег од договорот што го има со него, со важност до 2026 година.

Се вчитува...