Клоп: Го гледам Манчестер Сити и не можам да се изначудам

Јирген Клоп со нетрпение го очекува осигурувањето на титулата на Ливерпул, а германскиот стратег на денешната прес-конференција упати комплименти и на адреса на големиот ривал Манчестер Сити. „Граѓаните“ синоќа одиграа уште еден импресивен натпревар декласирајќи го Барнли со 5-0, со настап што го импресионираше и Клоп заедно со целокупната англиска јавност.

„Го гледам Манчестер Сити и не можам да се изначудам. Толку добар тим, игра извонреден фудбал, а сепак заостанува 20 бода зад нас. Сигурно и ние правиме нешто како што треба“, коментираше Клоп.

„Црвените“ утре на „Енфилд“ ќе го пречекаат тимот на Кристал Палас, а Клоп повторно на располагање ќе ги има Салах и Робертсон, кои поради ситни повреди го пропуштија градското дерби со Евертон.

Салах и Робертсон тренираа со полна пареа вчера, исто така и денеска. Ќе играат против Палас, тоа е одлична вест за нас. Ќе ги нема Милнер и Матип, кои се повредија со Евертон“, открива стратегот на Ливерпул.

Се вчитува...