Клоп го сака играчот на Интер по секоја цена, Италијанците бараат 90 милиони евра

Ливерпул пред неколку дена го промовираше Дарвин Нуњез, кој стана најскапото засилување во историјата на клубот. Меѓутоа менаџерот Јирген Клоп не сака да застане само на него.

Медиумите во Италија пишуваат дека Јирген Клоп го „таргетирал“ играчот на Интер, Никола Барела. Германецот сака да го донесе по секоја цена, но дали ќе може Ливерпул да си дозволи уште еден таков скап трансфер во ист преоден рок?

Интер бара дури 90 милиони евра за својот играч од средниот ред, што е многу пари. Се споменува и комбинација Ливерпул да му понуди играч плус пари, а медиумите наведуваат дека Наби Кеита е најблиску да се пресели на „Џузепе Меаца“.

Досега Ливерпул покрај Нуњез, ги донесе Фабио Карваљо и Калвин Рамзи.

Се вчитува...