Клоп го убедил Вајналдум да остане во Ливерпул

Холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум нема да го прифати предизвикот за преселба на „Камп Ноу“. Тој по разговорите со менаџерот Јирген Клоп сепак одлучил да остане во тимот на англискиот првак Ливерпул, откриваат медиумите на Островот.

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, сака да го има Вајналдум во составот за претстојната сезона и каталонскиот гигант е подготвен да плати 20 милиони евра. Но, Клоп по враќањето на Вајналдум од репрезентативните обврски имал долг и плоден разговор со фудбалерот најавувајќи му дека тој во претстојната сезона ќе има важна улога во составот на „црвените“.

Ливерпул утре ја отвора новата сезона во Премиер – лигата и на „Енфилд Роуд“ го пречекува Лидс Јунајтед на Езгјан Алиоски.

Се вчитува...