Клоп им фати сеир на новинарите: Денеска не ме прашувајте за Стивен Џерард (видео)

Јирген Клоп е во одлично расположение поради серијата добри резултати на Ливерпул, па стратегот на „црвените“ реши да се пошегува со новинарите на денешната прес-конференција пред мечот со Астон Вила.

Дуелот Клоп – Џерард е во центарот на вниманието на англиската фудбалска јавност за претстојниот викенд, но Клоп уште на самиот почеток ги „пресече новинарите“.

„Денеска нема да одговарам на прашања поврзани со Стивен Џерард“, кратко изјави Клоп, предизвикувајќи целосна тишина од неколку секунди, пред Германецот да почне да се смее.

Се вчитува...