Клоп: Имаше моменти кога не верував што гледам

Јирген Клоп не го криеше задоволството од синоќешната убедлива победа од 4-0 против Кристал Палас, по која Ливерпул е само на една победа од титулата во Премиерлигата.

„Замислете стадионот да беше полн и сето ова навивачите да го почувствуваа во живо. Мислам дека натпреварот не можеше да мине подобро. Атмосферата на теренот беше неверојатна“ – рече Клоп, притоа дополнувајќи:

„Навистина сум пресреќен како игравме. Водиме со 4-0 во 87. минута и четворица наши фудбалери напаѓаат еден противнички како да се работи за последната топка на светот. Мило ми е што покажавме дека играме за навивачите. Начинот на кој игравме, страста која ја покажуваме, имаше моменти кога не верував што гледам. Воодушевувачки“.

Се вчитува...