Клоп: Ќе игра ли Салах? Немам поим!

Ливерпул ги финишира подготовките за утрешниот реванш против Манчестер сити, на кој „црвените“ ќе бранат предност од три гола за да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите. Главно прашање што се поставува е состојбата на Мохамед Салах, кој се повреди на првиот меч, го пропушти градското дерби со Евертон, но постојат шанси да настапи на реваншот во Манчестер.

Салах денеска тренираше со намален интензитет, а Клоп не даде конкретен одговор околу неговата состојба, поточно прашањето дали Салах ќе може да се појави во тимот на утрешниот реванш.

„Салах се чувствува подобро, така беше кога си заминав вчера од тренинг-комплексот. Дали ќе може да игра? Немам појма, знаете како е со овој вид на повреди, нема многу време за рехабилитација и ситуацијата се менува од минута во минута. Мораме да чекаме, но искрено се надевам дека Салах ќе игра, исто како и Робертсон и Морено, кои поради повреда не настапија против Евертон“ – изјави Клоп на денешната прес-конференција.

 

Се вчитува...