Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп му се заблагодари на хрватскиот фудбалер, Дејан Ловрен за се што направи за клубот. Ловрен за 8 милиони фунти премина во Зенит.
„Уште една легенда го напушти клубот. Ловрен беше многу, многу важен дел од овој тим од првиот ден кога дојде“, изјави Клоп.
Ловрен на „Енфилд роуд“ стигна во јули 2014. година. За тимот запиша 131 натпревар, на кој постигна пет гола. Со „црвените“ триумфираше во Лигата на шампионите минатата година, а сезонава со освојувањето на Премиер-лигата стана првиот Хрват на кој тоа му успеало.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА