Клоп: Мане е легенда, но да не жалиме што си оди, туку да сме горди што беше дел од Ливерпул

Садио Мане го комплетираше трансферот во Баерн Минхен, по што на адреса на Сенегалецот пристигнуваат пораки и поздрави од сите довчерашни соиграчи од Ливерпул.

Највпечатлив очекувано беше Јирген Клоп, стратегот што го донесе Мане на „Енфилд“ од Саутемптон и придонесе тој да стане еден од најдобрите напаѓачи на денешницата.

„Сето она што Садио го направи за Ливерпул овие години, тоа е неверојатно. Ако го сакате Ливерпул, не можете да не го сакате Садио Мане и точка… Горд сум на сето она што го направивме заедно. Губиме извонреден фудбалер и прекрасна личност, но не треба да жалиме што си оди, туку да бидеме горди што тој толку години беше дел од Ливерпул“, истакна Клоп.

Се вчитува...