Клоп: Мислев дека сум лут, ама ајде не сум…

Ливерпул во драматичен натпревар со 4-3 славеше против Салцбург во 2. коло од Лигата на шампионите, во меч во кој имаше предност од 3-0 која ја прокоцка па на крајот бркаше победа.

„Црвените“ дозволија противникот од 3-0 да дојде до 3-3, за на крајот Салах да погоди за триумф на четата на Јирген Клоп кој на крајот од мечот не знаеше дали да биде лут или среќен…

„Кога заврши натпреварот мислев дека сум лут, но во суштина и не бев. Првиот половина час игравме совршено, но тогаш Салцбург го промени стилот на игра и не збуни. Секоја им чест, одиграа одлично, но ние не се предававме и тоа е најважно. Освоивме три бода и тоа сега е важно, а околу лутината ќе разговарам со фудбалерите во соблекувална“ – истакна менаџерот на Ливерпул по мечот.

Се вчитува...