Клоп: Мојата радост беше логична – Топката лебдеше во воздух дури 20 минути, а Ливерпул успеа да ја спушти на земја

Ливерпул го победи Брентфорд со 3-0 на домашен терен и ги надмина почетните потешкотии кои ги имаше на натпреварот, триумф со кој тимот на Јирген Клоп изби на второто место на табелата и во ситуација кога не може да смета на двете најголеми ѕвезди во нападот.

Отсуствата на Мо Салах и Садио Мане денеска беа одлично надополнети од останатите играчи во нападот и Фабињо, Чембрлен и Минамино се погрижија за победа од 3:0, која интересно беше навистина на големо прославена од страна на германскиот стручњак.

Во првиот дел од сезоната, Ливерпул одигра спектакуларен меч со Брентфорд кој заврши со резултат 3-3, а Клоп по остварената победа им објасни на новинарите зошто еуфорично славеше пред „Коп“ трибината на „Енфилд Роуд“.

„Начинот на кој Брентфорд игра и е поставен е навистина незгоден за нас. Кога сте домаќин против ваков противник, мора да ги контролирате работите на теренот, а против нив тешко е да го направите тоа. Ми се чинеше како топката да беше 20 минути во воздух денеска, имаше многу ситуации на дуел игра и кога топката беше удирана само со глава. Целта беше да ја симнеме топката на земја и да почнеме да играме, беше незгодно и затоа бев пресреќен на крајот од мечот“, порача Клоп.

Се вчитува...