Клоп: Навивачите беа нервозни…, но мора да разберат дека ќе има и падови

По двете едноподруго ремија, конечно задоволство кај тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп. „Црвените“ се вратија на победите триумфирајќи против Бурнмаут со 3-0.

„Победивме на импресивен начин со неколку топ потези на терен и посебно третиот гол кој беше првокласна акција. По оние две ремија сакавме да покажеме реакција. За Ливерпул не е доволно само да дојде до победата, но мора да прикажуваме убедливи партии. Имаше многу нешта кои сакавме да ги поправиме и мислам дека успеавме во тоа“ – изјави Клоп по триумфот, и дополни:

„Вајналдум не беше со нас во карантин поради болест. Затоа оваа негова партија и погодокот се награда за него. Оваа победа ја посветуваме и на навивачите. За да се извадиме. Од различни причини беа нервозни изминативе денови и ги разбирам. Но, и тие мора да разберат дека и неуспесите се дел од фудбалот и ќе мора да се носат со нив“.

Се вчитува...