Клоп: Не го плукајте Алисон, тој многу пати го има спасено Ливерпул

Јирген Клоп застана во одбрана на Алисон Бекер по слабото издание на бразилскиот голман, кој беше директен виновник за два гола во поразот на дербито со Манчестер Сити.

Бразилецот беше очигледно надвор од ритам, па двапати во клучните моменти им додаде на противничките фудбалери при резултат 1-1, со што за само неколку минути Сити поведе со 1-3 и го реши прашањето на победникот.

„Јасно е дека загубивме поради наши грешки, со кои му подаривме голови на противникот. Најлесно сега е да се плука по Алисон, но да не заборавиме дека тој многу пати го има спасено Ливерпул. Трката за титулата веќе е загубена, сега ќе се насочиме кон обезбедување на место во Топ 4 и пласман во Лигата на Шампионите“, истакна Клоп по натпреварот.

Се вчитува...