Европскиот првак Ливерпул го заврши патот во Лигата на шампионите уште во осминафиналето. Доживеа елиминација од Атлетико Мадрид губејќи на „Енфилд Роуд“ по продолженија со 2-3. Менаџерот Јирген Клоп вели дека тимот загубил на „луд начин“, но, сепак, Атлетико Мадрид успеал да постигне три гола во продолженијата.
„Не разбирам зошто Атлетико игра тако фудбал со играчи како Коке, Саул…ваууу…Но, мораме да го прифатиме фактот дека ние го загубивме мечот, а тие ни дадоа три гола за неполн половина час. Тоа е навистина лудо, но се случи“, изјави Јирген Клоп по елиминацијата од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА