Ливерпул без проблеми со 1-4 славеше на гостувањето против Генк во Лигата на шампионите. По повеќемесечна пауза одличен натпревар одигра Алекс Окслејд-Чемберлен постигнувајќи два гола. Но,…
„Може и подобро, јас тоа го знам. Да, тоа беше одличен момент за него, головите беа убави но можеше и подобро. Така е како е, не е проблем“ – истакна Клоп по средбата, онака резигнирано коментирајќи ја играта на Окслејд-Чемберлен.
„Што се однесува до мечот можеби и не бевме претерано креативни и не создадовме премногу шанси, но мораше да бараме алтернативи да ја пробиваме противничката одбрана поради нивната игра 4-4-2 и пресинг на средината од теренот. Во секој случај функционираше како што треба“ – дополнува Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА