Клоп откри добра вест за Салах

Мохамед Салах го постигна првиот гол, но потоа за момент ги шокираше навивачите на Ливерпул во второто полувреме, откако се пожали на болка во мускулот и мораше веднаш да биде заменет.

Првичните информации велат дека повредата не е премногу сериозна, а Јирген Клоп е оптимист дека најдобриот фудбалер на „црвените“ што поскоро ќе се врати на теренот.

„Зборував со Салах за повредата и ми рече дека не е ништо сериозно, дека сега се чувствува добро. Се надевам дека е така, ќе видиме што ќе покажат утрешните прегледи“ – соопшти менаџерот на „црвените“.

Ливерпул в сабота го очекува гостување на градското дерби со Евертон, веднаш потоа и реваншот против Манчестер сити, па јасно е зошто Клоп се надева дека Салах би можел да му помогне на овие две исклучително значајни средби.

Се вчитува...