Клоп пронајде нов стопер што би играл во тандем со Ван Дајк

Англискиот премиерлигаш Ливерпул очекува продолжение на првенството во Премиер – лигата за конечно да приграби титула по три децении, но менаџерот Јирген Клоп веќе размислува и за следната сезона. Тој посакува нов одбранбен фудбалер кој би играл во тандем со Вирџил ван Дајк. Холанѓанецот е столб на одбраната, но очигледно е дека Ловрен и Матип не се на потребното ниво.

Ливерпул е заинтересиран за стоперот на Севилја, Диего Карлос. Шпанскиот клуб има големи финансиски проблеми предизвикани од пандемијата на коронавирусот и ќе мора да продава дел од најдобрите фудбалери. Тука шансата ја гледа Јирген Клоп, кој е подготвен да ја плати откупната клаузула за одличниот Бразилец, а изнесува 75 милиони евра.

Диего Карлос за 16 милиони евра дојде минатото лето од Нант, па Севилја би заработила речиси петкратно доколку го продаде Бразилецот во летниот преоден рок.

 

 

Се вчитува...