Клоп: Салах? Тоа прашање не се решава со филџан чај напладне

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави промени во тимот за последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите против Милан.

Ливерпул веќе обезбеди пласман во нокаут фазата од елитното натпреварување, па на Сан Сиро оди без никаков притисок.

„Ќе мораме да ротираме, тоа е јасно. Ќе мораме, тоа е поентата. Лекарскиот тим би ми бил лут доколку истите момци повторно играат, па ќе мора да направиме промени. Ако вашите стапала се свежи, тогаш имате повеќе енергија, а потоа и поголеми шанси да одиграте добар натпревар“, изјави Клоп.

Клоп беше прашан и за иднината на Мохамед Салах во Ливерпул.

„Знаете каков е неговиот став. Ние зборуваме. Продолжувањето на договорот со играч како Мо не е нешто што се решава со шолја чај напладне. Навистина немам што да кажам. Мо зборува за тоа кога ќе го прашаат, можам да кажам само неколку работи, бидејќи останатото не е за јавноста. Мо е добар, јас сум добар, јасно е што сакаме сите, но за такви работи е потребно време“, заклучи Јирген.

За потсетување, договорот на египетскиот фудбалер истекува во 2023 година.

Се вчитува...