Клоп: Салах треба да учи од Мане за пак да дава голови

Мохамед Салах се наоѓа во голема голгетерска криза, најдобриот стрелец на Ливерпул е без погодок на последните седум натпревари, на кои промашуваше одлични шанси кои го чинеа Ливерпул и бодови во тркатаза премиерлигашката титула. Јирген Клоп уште еднаш му даде поддршка на египетскиот ас, но воедно и му порача на Салах дека треба да учи од односот на Садио Мане кога Сенегалецот се наоѓаше во слична ситуација.

„Јасно е дека Салах е во криза, но во слична ситуација се наоѓаше и Садио Мане. Садио сега секогаш се наоѓа на вистинско место во вистинско време, но она што го правеше додека не му одеше беше… работа, работа и само работа. Тоа е токму она што и Салах треба да го прави, да работи за тимот, да помага и повторно ќе почнат да му се случуваат убави работи. Моментно нема среќа, но и тоа ќе се промени, очекувам наскоро да влезе во ритам“ – изјави Клоп.

Салах нема да настапи за Египет на наредните репрезентативни настапи, туку остана во Ливерпул да тренира со тимот во обид да се врати во посакуваниот ритам. „Црвените“ во следното премиерлигашко коло ги очекува дерби на домашен терен против Тотенхем, меч закажан за 31 март.

Се вчитува...