Клоп се расплака: Ова е повеќе од се што сум сонувал

Огромно е славјето во таборот на Ливерпул по осигураниот шампионски трофеј во Премиер-лигата, по пауза од цели 30 години. Кени Далглиш, кој го предводеше последниот шампионски тим на Ливерпул пред 30 сезони, говореше во живо за „Скај Спортс“, потенцирајќи го Јирген Клоп како клучен фактор за овој извонреден успех.

Веднаш потоа можеше да се проследи и видео-изјава од германскиот стратег, кој не можеше да ги сокрие солзите.

„Ова е титула за Кени, за Стиви Џерард, мене ми е чест што можам да работам во овој клуб. Немам зборови, ова е неверојатно, повеќе од се што сум сонувал. Лесно е да се мотивираш кога си во Ливерпул поради богатата историја, но не знам кој веруваше дека ова е возможно. Ова е неверојатно достигнување, горд сум на моите фудбалери, на мојот тренерски тим. А најдоброто е што се уште не сме готови. Вечерва ќе уживаме во моментов. Поздрав до сите навивачи, неверојатни сте. Повторно ве замолувам, ќе имаме време за заедно да славиме, сега прославете пред своите куќи, без масовни собири“, порача Клоп.

Се вчитува...