Клоп: Сити нема да губи бодови до крајот на сезоната

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговата екипа одигра просечен натпревар против Фулам, но дека трите бода се најважни, бидејќи не очекува Манчестер Сити да изгуби многу бодови до крајот на сезоната. Избраниците на Клоп во тежок натпревар со голот на Милнер од пенал во 81. минута успеаја да стигнат до вредни три бода.

„Сакавме да останеме во борбата за титулата, тоа и го направивме. Првото место е најдобро на кое може да бидете. Мислам дека Сити нема да изгуби многу бодови до крајот на сезоната, затоа мораме да победуваме, победуваме и победуваме“, изјави Јирген Клоп. 

На табелата во Премиер лигата Ливерпул во моментов е на првата позиција со 76 бода, односно два повеќе од второпласираниот Манчестер Сити кој поради обврски во ФА купот има натпревар помалку од „црвените“. Премиер лигата продолжува на 30. март со натпреварите од 32. коло.

Се вчитува...