Клоп со порака до фановите на Ливерпул – Почекајте заедно ќе славиме

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, им порача на навивачите да го почекаат „вистинското време“ за прослава на титулата во Премиер-лигата. Десетици илјади луѓе ја прославија титулата освоена по 30 години, на улиците на Ливерпул и покрај препораките за превенција поради пандемијата од коронавирусот.

„Јас сум човечко битие и вашата страст е и моја страст. Меѓутоа, сега е најважно да нема јавни собири. Им го должиме тоа на тие што се најзагрозени во нашето општество, на здравствените работници кои многу работат и на кои им аплаудиравме. Ве молам сите славете, но во кругот на семејството без поголеми собири. Кога ќе биде право време, заедно ќе ја прославиме титулата“, изјави Клоп. 

Првиот натпревар Ливерпул по осигурување на титулата ќе го има на гостувањето кај големиот ривал Манчестер Сити, а Пеп Гвардиола најави дека неговите фудбалери со „шпалир“ ќе ги пречекаат „црвените“.

Се вчитува...