Клоп: Солскјер е одличен тренер, заслужува долго да остане во Јунајтед

Ливерпул гостува на „Олд Трафорд“, a секој дуел на „црвените“ со Манчестер Јунајтед предизвикува огромно внимание на Островот. И двата клуба имaат големи амбиции, Ливерпул да одолее на врвот на табелата во трката за шампионската титула, а Јунајтед да продолжи во победнички стил кога веќе стигна до четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Јирген Клоп ќе го има првиот дуел против Оле Гунар Солскјер. Германецот со пофални зборови се изрази за новиот менаџер на Манчестер Јунајтед.

„Манчестер Јунајтед игра како нов тим откако Оле Гунар Солскјер го презеде кормилото. Мислам дека сигурно ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона. Го заслужува тоа. Секогаш е тешко да се игра против Манчестер Јунајтед, а сега се и во победничка низа. Но, ние исто така посакуваме триумф“, истакна Јирген Клоп во пресрет на денешното дерби на Театарот на соништата.

Се вчитува...