Клоп: Тоа е неправда… Ако Премиер-лигата не им даде медал, ќе го добијат мојот!

Ливерпул конечно е шампион на Англија. Но, менаџерот кој импресивно ги водеше „црвените“ до првиот трофеј по 30 години е лут.

Клоп е лут на правилото на Премиер-лигата според кое еден фудбалер мора да одигра најмалку пет првенствени натпревари во сезоната кога неговиот тим стигнал до шампионската круна за да добие шампионски медал.

Германскиот стратег е огорчен поради сето тоа…

„Секој фудбалер на Ливерпул кој сезонава беше дел од тимот заслужува медал. И ќе го добие. Ако не од Премиер-лигата, тогаш од мене!“ – порача Клоп.

Секако, оваа негова одлука да го додели својот медал на оној на кого нема да му следи само дополнително го зацврсти неговиот и онака култен статус меѓу навивачите на Ливерпул.

Се вчитува...