Клоп: Ветувам пиво и забава со фановите, само да заврши пандемијата

Ливерпул и Јирген Клоп, беа наградени за резултатите што ги постигнаа во 2020 година на „БиБиСи“ спортските награди што се одржаа во неделата. „Црвените“ беа прогласени за најдобар тим на годината, а Германецот за најдобар спортски тренер во 2020 година.

Клоп, прекина долг пост со Ливерпул и конечно го донесе трофејот во Премиер лигата на „Енфилд“.

„Мојот тим ја заслужува оваа награда поради неверојатната сезона што ја направија. Таа мешавина од талент, карактер, желба и моќ во еден клуб, е добитна комбинација. Затоа и бевме шампиони. Откако ќе биде дозволено, ќе направиме голема забава со навивачите, секако ќе има и пиво. Чекањето може да потрае некое време, но можеби дотогаш ќе освоиме и нешто друго. Едвај чекам да ги видам фановите повторно. Освојувањето на оваа награда во Манчестер е особено добра работа“, рече Клоп.

Ливерпул оваа сезона имаше неколку киксови, но успеаја да се консолидираат и во моментот се наоѓаат на првото место во Премиер лигата.

Се вчитува...