Клоп: Врска немам како топката заврши во мрежата

Јирген Клоп не го криеше задоволството по среќната победа над Тотенхем, со која Ливерпул барем привремено (најмалку до среда) се врати на чело на премиерлигашката табела. Воедно, Германецот искрено одговори дека ни самиот не видел како топката завршила во мрежата, со среќниот автогол на Алдеверелд во 90. минута.

„Зошто не славев како вообичаено? Затоа што беше многу чудно, ни самиот не го видов голот. Сериозно, го видов шутот на Салах и тоа беше тоа, немам врска како топката заврши во мрежата. Секако дека не сум среќен што примивме гол, но мислам дека тоа ни беше потребно за да почнеме повторно да играме како што знаеме. Имам кажано порано, постојат 500 начини да се добие фудбалски натпревар, само еден е грд. Ние денеска победивме грдо, но чувството е одлично. Се бориме за титулата со еден од најдобрите тимови во светот и ни оди одлично“ – истакна Клоп.

Следен предизвик за Ливерпул е гостувањето против Саутемптон што на програмата е в петок со почеток во 21 часот.

Се вчитува...