Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп не го криеше задоволството од изданието на својот тим во победата од 3-1 против Манчестер сити во финалето на Комјунити шилд.
Клоп ја коментираше и играта на Дарвин Нуњез кој по пристигнувањето во тимот е честа мета на критики од фудбалската јавност.
„Нуњез е навистина добар, а знам дека ќе биде и уште подобар како одминува времето. Никој не може и не смее да суди на прв поглед. Но, за жал, ние живееме во таков свет. Дарвин на почетокот од подготвителниот период не беше ниту блиску до неопходната физичка подготвеност. Сега веќе навлегува во форма. Доста слушаме само негативни коментари, смешно е да се слушаат во овој период од сезоната која не е ни почната. Ние сме трпеливи, и знаеме дека многу ќе даде за нашиот тим“ – вели Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА