Клоп за караницата со Ковач: Само сакаше да ми се извини! (ВИДЕО)

Јирген Клоп и Нико Ковач имаа синоќа жестока расправа по крајот на натпреварот меѓу Ливерпул и Баерн Минхен од Лигата на шампионите кој заврши без голови.

Германскиот стратег по ремито беше исклучително лут на Ковач. Откако се ракуваа, Клоп му дофрли нешто на хрватскиот стратег а тој не остана должен. Си разменија меѓусебно неколку тешки зборови, за да на крајот Јирген Клоп објасни пред медиумите што се случило…. Англиските новинари ги интересираше дали причината за караницата е задржувањето време на крајот од страна на фудбалерите на Баерн…

„Не, не… Сакав само веднаш да се ракувам со него, а тој замина меѓу своите фудбалери. Изгледаше дека ќе се ракува со фудбалерите на својот тим. Кога конечно заврши, само му реков: Јас чекам… Тој во прв момент лошо реагираше, а потоа се извини, а јас одговорив дека нема проблем. Потоа тој повторно сакаше да се извини. Ете тоа е се што се случуваше“ – рече Клоп по натпреварот.

 

Како и да е, новиот дуел меѓу Клоп и Ковач на распоред е за три недели. Тогаш Баерн на својата „Алијанц арена“ ќе го пречека Ливерпул на кого покрај победа му одговара и секој нерешен резултат со постигнат гол.

Се вчитува...