Клоп: Загрижен сум за повредата на Робертсон, ги чекаме анализите од лекарите

Дуелот помеѓу Ливерпул и Атлетик Билбао по долго време ги донесе навивачите на трибините на „Енфилд“, но овој натпревар донесе и загриженост заради повредата на Енди Робертсон пред почетокот на сезоната.

Енди се обиде да спречи еден удар на Алекс Беренгер непосредно пред крајот на првото полувреме и се чини дека потоа го извитка глуждот.

На шкотскиот репрезентативец му беше укажана помош покрај аут линијата, па на крајот успеа да го напушти теренот со лесен чекор, со помош на медицинскиот персонал. Околу 40.000 фанови му ракоплескаа, давајќи му безрезервна поддршка.

Тренерот на Ливерпул, не ја криеше загриженоста, па кажа дека допрва ќе ги чекаат анализите на лекарите.

„Се уште не можеме да кажеме ништо дефинитивно. Беше прилично болно. Болката помина, но треба да се направат дополнителни прегледи за да имаме точни информации“, изјави Клоп за повредата на Робертсон по натпреварот.

Се вчитува...