Клоп зборуваше за судењето, сега ќе плати 45.000 фунти

Јирген Клоп ќе треба да плати 45.000 фунти како казна за коментарите што стратегот на Ливерпул ги упати кон судијата Кевин Френд по натпреварот против Вест хем што заврши без победник (1-1). Ливерпул поведе со гол од очигледен офсајд што не беше санкциониран, а Клоп по мечот се пожали дека токму тој момент влијаел врз подоцнежната арбитража на Френд.

„Слушнав дека нашиот гол бил офсајд, сигурен сум дека и судијата го слушнал истото. Со тоа се смени и критериумот, па при сите ситуации 50-50 одлуките беа во прилог на противникот. Со тоа не ни беше олеснета работата. Судиите се човечки суштества и нормално е така да реагираат, но мене ми беше нејасен критериумот додека не ми беше кажано дека нашиот гол бил постигнат од офсајд“ – изјави тогаш Клоп.

По отворената истрага од Фудбалската Асоцијација германскиот стратег ја прифати вината, што придонесе да мине само со парична казна, а не и со суспензија, па Клоп ќе може да го води Ливерпул на неделното супер-дерби на „Олд трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...