Клуб Америка од Мексико нуди 9 милиони евра за Несторовски!

Мексиканскиот прволигаш Клуб Америка нуди 9 милиони евра за  Илија Несторовски, е последната информација која попладнево ја лиферуваа италијанските медиуми а во рамките на серијата шпекулации околу иднината на македонскиот репрезентативец.

Откако претходно постојано се потенцираше дека Џенова и Удинезе се заинтересирани за Несторовски сега „Тутомеркато“ тврди дека до Палермо е веќе пристигната понуда за Македонецот од Клуб Америка во висина од 9 милиони евра.

Тренер на Клуб Америка е поранешниот селектор на Мексико, Мигел Ернесто Херера. Тимот е со амбиции за шампионската титула сезонава, па во таа насока посакуваат европски напаѓач кој ќе може да одговори на апетитите на Херера.

 

Од Палермо засега нема официјален одговор на шпекулациите за интересот на Клуб Америка за услугите на Илија Несторовски.

Се вчитува...