Клубовите дадоа рок до среда, Антиќ одлуката ќе ја соопшти в четврток

Македонскиот кошаркарски „циркус“ продолжува откако клубовите побараа од претседателот Перо Антиќ најдоцна до среда да ги извести за датумот и начинот за старт на сезоната, во спротивно раководството на КФСМ да си поднесе оставка. Одговорот стигна денеска, откако Антиќ им порача на прволигашите дека сите одлуки ќе ги донесе ден подоцна од рокот на клубовите, односно до четврток 22 октомври 2020 година.

„Во врска со наводите изнесени во медиумите, не и до федерацијата, како што беше досегашната пракса, од страна на претседателот на Здружението на Првата лига-мажи, сакаме да ги информираме сите клубови и јавноста дека решенијата поврзани со почетокот на натпреварувањето ќе ги добијат во ЧЕТВРТОК, 22. октомври 2020 година“, се вели во краткото соопштение на Перо Антиќ.

Кошаркарското првенство е единственото што не е стартувано од колективните спортови во Македонија, а клубовите инсистираат што поскоро да бидат утврдени датумите за почеток и протоколите според кои ќе се игра шампионатот.

Се вчитува...