Клубовите од Манчестер работат со најмногу загуби

Истражувачката група „ЦИЕС фудбал обсерватори“ објави податоци за истражување колку трошат фудбалските клубов, но и колку заработиле пари од трансфери на фудбалерите во последните десет години.

На листата на клубови кои имаат најголеми загуби се Манчестер јунајтед кој потрошил 1.5 милијарди евра на засилувања, а од продажба на фудбалери заработиле 470 милиони евра, што значи дека е во минус од 1.075 милијарди евра. Веднаш зад јунајтед е неговиот градски ривал Сити кој на засилувања потрошил 1.70 милијарди евра, а од продажба заработил 715 милиони евра што значи дека е во минус 984 милиони евра. Третото место на листата го зазема Пари Сен Жермен со минус од 941 милион евра.

Тоа што треба да се напомене е дека сите овие клубови заработуваат голема сума на пари од спонзорски договори, но повторно се смета дека и тоа не е доволно да се покриат големите трошоци поради што клубовите подигнуваат нови кредити секоја година со кои влегуваат во уште поголеми задолжувања.

 

 

Се вчитува...