Клубовите сакаат АБА – лигата да добие шампион на терен

Желба на сите клубови од АБА – лигата е сезоната да заврши на терен и да биде добиен нов шампион. Ова е резимето од денешниот видео – состанок на членовите на регионалната кошаркарска лига.

Клубовите од АБА се договориле да ја следат ситуацијата и по завршувањето на пандемијата на коронавирусот да одржат Собрание и да го договорат продолжението на натпреварувањето. Се разговарало и за евентуална модификација на системот доколку тоа биде неопходно.

АБА – лигата е суспендирана од 12. март со цел заштита и безбедност на кошаркарите, тренерите, официјалните лига и гледачите. Прекинат е и шампионатот во АБА 2 каде учествува македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром.

 

Се вчитува...