Клучни играчи се враќаат кај Шкотска за мечот со Македонија

Шкотска ќе биде значително засилена за завршницата од Лигата на Нации и дуелот со Макеоднија закажан за 13 ноември, откако на списокот на селекторот Покоњоли се најдоа тројца важни првотимци кои  не му беа на располагање во септемврискиот прозорец.

Скот Мектоминеј ќе биде повторно во националниот тим по успешната операција на срцето, а во тимот на Шкотска ќе враќаат и Скот Тирни и Че Адамс, кој со години се неизоставен дел од оваа репрезентација.

Покоњоли за последните две средби од Лигата на нации, домашниот меч со Македонија и гостувањето во Швајцарија, повика само еден дебитант, Џејмс Пенрис, а во однос на претходните натпревари поради повреди отпаѓаат Скот Мекена и Кени Меклин.

Се вчитува...