Клучните поени на Ти-Џеј Шортс за огромна победа на Македонија (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација го задржа пефектниот учинок во претквалификациите за Евробаскетот 2025 откако во Гевгелија славеше по драматичен натпревар против Данска со 74-71.

Еден од најзаслужните за победата беше новиот натурализиран Македонец Ти-Џеј Шортс кој по одличното деби одигра уште еден неверојатен натпревар. Бекот кој мечот го заврши со 33 поени, 6 асистенции, 5 украдени топки и 3 скока работите ги превзема во своите раце кога останатите репрезентативци се мачеа во реализацијата, а на 27. секунди пред крајот на дополнителни пет минути со три слободни фрлања предводеше камбек.

Заслужено Шортс доби овации и од гевгеличани кои громогласно го поздравија неговиот учинок.

Се вчитува...