КМФ Проект ги заврши настапите во ЛШ по поразот од Лускол од Малта

Екипата на КФМ Проект не успеа да ја мине првата елиминациска фаза во Лигата на шампионите во футсал.

Македонскиот претставник во последното коло на квалификацискиот турнир за ЛШ во Гевгелија, загуби со 5-0 од екипата на Луксол од Малта, која со три победи го освои првото место во групата обезбедувајќи пласман во следната рунда натпревари.

КФМ Проект турнирот го заврши со две победи, но не успеа да се избори за место во следната рунда ниту како најдобра второпласирана екипа од првата фаза.

Се вчитува...