КМФ Проект со убедлив триумф на стартот од квалификациите во футсал Лигата на шампионите

Македонскиот футсал шампион КМФ Проект запиша одличен старт во квалификациите во футсал Лигата на Шампионите, триумфирајќи вечерва убедливо со 6-0 во салата “26 април“ во Гевгелија, против составот на Делфинс Ашдод од Израел.

Уште во втората минута КМФ Проект поведе со голот на Крстевски, а до крајот веќе беше 2-0 со автогол на противниците. Во второто полувреме Петровиќ зголеми на 3-0, а потоа следеа головите на Тодоровски и уште два на Петровиќ за конечни 6-0 и прво место во групата А по првото коло.

Во првиот натпревар од 1.коло во групата А, екипата на Луксол од Малта со 5-0 славеше против ЦФН Друидс од Велс.

Македонскиот шампион утре од 20 часот, во меч од 2.коло се среќава со ЦФН Друидс.

Се вчитува...