КМФ Велес во група со Космос, Футсамба и со Валета во Лигата на шампионите

Македонскиот футсал шампион КМФ Велес ќе дебитира во елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите. На ждребот беше сместен во првиот шешир и доби ривали во групата Е.

Нашиот првак во футсал се најде во група заедно со Космос Талин од Естонија, Футсамба нас од Ирска, како и со Валета од Малта. Првата фаза од ова натпреварување ќе се одржи во периодот од 28 август до 2 септември, а КМФ Велес ќе биде домаќин на турнирот.

„Ќе работиме напорно и ќе се обидеме да го освоиме првото место во групата и уште еднаш да ја израдуваме велешката публика која докажа дека го сака футсалот и заслужува да се радува на успесите на овој велешки клуб кој е светла точка на градот кога е спортот во прашање. Со срце за Велес !!!“, порачуваат од македонскиот футсал првак.

Се вчитува...