Кобајаши е олимписки шампион на малата скокалница, Превц и Штох најголеми губитници

Риују Кобајаши е освојувач на златниот медал на малата скокалница на Зимските олимписки игри во Пекинг. Јапонецот до победата стигна со скокови од 104.5 и 99.5 метри што беше доволно за тотален збир од 275 поени.

Второто место сензаионално му припадна на Австриецот, Мануел Фетнер кој во втората серија со 104 метри имаше најдобар скок. Бронзата ја освои Полјакот, Давид Кубацки. Најголем губитник е Словенецот, Петар Превц кој по првата серија беше втор, а на крајот заврши на четвртата позиција. Може да жали и легендарниот Камил Штох кој по првиот скок беше на третото место, а на крајот заврши дури шести.

Слаб настап имаа и водечкиот во Светскиот куп, Германецот Кајл Гајгер, како и Норвежаните Лидвик и Гранеруд.

Се вчитува...