Кобајаши победи и во Гармиш-Партенкирхен

Во финалната серија од второто натпреварување на турнејата „Четири скокалници“ во германскиот Гармиш-Партенкирехн, Рјоју Кобајаши ги одби нападите на Маркус Ајзенбихлер и дојде до втората последовна победа што го води во одлична ситуација за конечен триумф на престижната манфиестација.

Кобајаши имаше скокови од 136,5 метри во првата  и од 133 метри во втортата серија и собра вкупно 266,6 поени и го остави зад себа за два бода второпласираниот Ајзенбихлер. Третото место му припадна на Давид Кубацки. Идентичен беше редоследот и по првата серија.

Кобајаши е лидер во поредокот за турнејата со два бода предност пред Ајзенбихлер кој беше второпласиран и во Оберсдорф. Серијата сега се сели во Австрија, третото натпреварување на 4. јануари во Инсбрук.

Се вчитува...