Со осум месеци задоцнување поради коронавирусот беше одржана церемонијата со која во кошаркарската Куќа на славните во Спрингфилд беа примени три легенди на овој спорт, Кевин Гарнет, Тим Данкан и Коби Брајант.
Очекувано, најголемо внимание привлече сопругата на починатиот Брајант, која се качи на бината во друштво на Мајкл Џордан и одржа емотивен говор пред присутните.
„Никогаш не те фалев доволно бидејќи верував дека добиваш многу пофалби од навивачите, а некој мораше да те враќа во реалноста. Сигурна сум дека сега се смее на небото бидејќи ќе слуша пофалби од мене за сето она што го постигна. Се уште победува. Драг Коби, фала ти што беше најдобар сопруг и татко што можеше да бидеш, што растеше и учеше од своите грешки, што секогаш сакаше да бдеш уште подобар, на секое поле“, рече Ванеса во дел од говорот, притоа додавајќи бројни достигнувања на починатиот сопруг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА