Кочоски: Сакам утре победа на Воска во новото езерско прволигашко дерби

Воска Спорт утре од 15 часот на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид го пречекува шампионот Струга ТЛ во одложениот натпревар од Првата македонска фудбалска лига.

Довчерашниот член на стружани Валентин Кочоски сега, како член на Воска, вели дека и тоа како посакува победа и покрај тоа што во Струга ги минал најубавите години од кариерата.

„Ова е посебен натпревар за мене затоа што во Струга ги минав најубавите фудбалски години и ќе биде малку чудно против моите довчерашни соиграчи. Но, затоа е интересен фудбалот и секако посакувам да ги победам“ – вели Кочоски пред утрешниот дуел и дополнува:

„Искрено, не се сеќавам дали имало прволигашко дерби досега во Охрид и затоа ги поканувам навивачите да присуствуваат и да уживаат во ова езерско прволигашко дерби”.

Се вчитува...