Кочоски: Време е за прва гостинска победа сезонава за Струга ТиЛ

Струга Трим и Лум утре ќе му гостува на Пелистер во Битола, во натпревар од 13. коло во Првата македонска фудбалска лига. Стружани се наоѓаат во резултатска криза, бидејќи веќе шест натпревари се без првенствена победа, а досега се уште се немаат израдувано на гостински триумф сезонава.

Фудбалерот за врска на клубот, Валентин Кочоски смета дека Пелистер е убава можност за прва гостинска победа во годинашната авантура.

„Овој натпревар ни е шанса за прва гостинска победа и приклучок во горниот дел на табелата, онаму каде што ни е и местото. Се освен победа во Битола, е неуспех за нас”, вели Кочоски.

Натпреварот кој ќе се игра на „Тумбе кафе“ е закажан за утре со почеток во 13 часот.

Се вчитува...