Кочов: Бевме емотивно испразнети пред мечот, но покажавме карактер…

МЗТ Скопје славеше во 151-та вечна пресметка против Работнички во кошаркарскиот шампионат, благодарение на поените во последната секунда на Дајман Стојановски. Сето тоа, секако, за задоволство на тренерот Ѓорѓи Кочов.

„Не беше лесно да се излезе од ситуација по толку порази во низа, и сето тоа се почувствува во играта. Некако екипата изминатиов период емотивно, енергетски и психолошки се испразна, но ме радува што токму сега покажавме борба до последен момент и карактер. Оваа победа ни е повеќе од добредојдена како мевлем на раната“ – изјави по мечот Кочов, притоа дополнувајќи:

„Мора да кажам дека против себе имавме одлична екипа со екстра играчи и затоа уште поголемо е задоволството. Последниот напад беше договорен да оди на Дамјан Стојановски и за среќа го завршивме онака како што треба. Ме радува и играта на Магдевски и на Николов, кои дадоа се од себе максимално посветени на тимот“.

Се вчитува...