Кочов: Победа против Динамик ќе биде огромен чекор кон плеј-офот

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром по речиси две неделна пауза поради репрезентативниот прозорец на ФИБА, вечерва ги продолжуваат натпреварите во АБА2-лигата и тоа на домашен терен против српскиот претставник Динамик (20 часот), дуел во кој ќе пробаат да дојдат до исклучително важна победа во битката за што подобра позиција пред плејофот.

Кошаркарите на МЗТ во моментов се второпласирани, со една победа повеќе во однос на најсериозниот конкурент Широки, кого, пак, го очекува тешко гостување кај лидерот Борац Чачак. Покрај победата важна улога ќе има и разликата која ќе биде остварена, со оглед што вкупната кош-разлика би можела биде решавачка на крајот во случај да имаме ист број бодови со составот од БиХ.Поради тоа, тренерот Ѓорѓи Кочов очекува максимално залагање од играчите, а воедно се надева и на голема поддршка од трибините.

Нe очекува меч против талентиран и квалитетен противник, кого максимално го респектираме. ФИБА-прозорецот дојде во лош момент за нашата екипа, бидејќи поради фактот што имавме петмина репрезентативци две недели трениравме само со странските кошаркари. Но, сигурен сум во максималното залагање на сите во тимот. Пресметката со Динамик е исклучително значајна за нас, бидејќи со победа ќе направиме огромен исчекор кон плејофот, со што ќе ја оствариме примарната цел поставена пред почетокот на сезоната. Се надевам дека од трибините ќе имаме значајна поддршка во овој важен дуел“, изјави Кочов.

На првиот натпревар сезонава, МЗТ во ноември минатата година, забележа победа од 82-92. Динамик е претпоследне на табелата во АБА 2 со биланс од седум победи и 12 пораз и серија од три неуспаха по ред. Македонскиот првак има ефект 12 победи и седум порази, но исто е во серија од три последовни проази. И двата клуба имаат по четири порази на последните две средби.

Се вчитува...