Кочов: Се уште е рано за титулата

МЗТ Скопје Аеродром го декласира Работнички со 36 поени разлика во првиот меч од финалната серија во „Јане Сандански“. Тимот на Ѓорѓи Кочов доминираше, посебно во третиот и четвртиот период, а тој не сака оваа убедлива победа да донесе опуштање во составот.

„Навистина не очекував убедлива победа. Честитки за моите кошаркари за триумфот, но ова е само една победа и ќе мора веднаш да ја заборавиме и да се фокусираме на следниот натпревар. Секој меч има посебна енергија и носи посебна приказна. Се уште е рано за титулата“, изјави Ѓорѓи Кочов.

На вториот меч од финалната серија домаќин ќе биде Работнички, во вторник во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...