Манчестер Сити е подготвен повторно да потроши богатство на нов фудбалер, овојпат за освежување на нападот со Коди Гакпо од големиот ривал Ливерпул.
„Граѓаните“ оваа седмица ги испратија Мармуш и Савињо во Тотенхем и имаат доволно пари во буџетот, што придонесе во последните 24 часа да ги интензивираат преговорите со холандскиот голгетер.
Ливерпул во меѓувреме ја зголеми цената на 80 милиони фунти, но и тоа не ги обесхрабри челниците на Сити кои најпрвин ги договорија личните услови со Гакпо, а потоа и ги интензивираа преговорите со Ливерпул.
Информациите од вечерва говорат дека двете страни се многу блиску до наоѓање заеднички јазик откако самиот Гакпо изразил желба да си замине,, а Ливерпул веќе разгледува неколку нови опции за крилните позиции кои би дошле заедно со Баркола од ПСЖ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
