Кога европскиот првак нема да шутне на гол…

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, предвиде и тоа навистина се случи. Германскиот стратег пред дуелот на „Ванда Метрополитано“ рече дека Атлетико Мадрид е вистинска машина и дека можеби и нема да му дозволи на неговиот тим да шутне на гол. На цел натпревар синоќа, во првиот осминафинален дуел од ЛШ, составот на Јирген Клоп не успеа ниту еднаш да ги погопди рамките на голот на Јан Облак. Атлетико Мадрид патува со предност од 1-о на реваншот на „Енфилд Роуд“, а стрелец на голот беше Саул Нигез.

Последен пат на Ливерпул вакво нешто му се случи во 2018 година. На гостувањето во Неапол на 3 октомври „црвените“ не успеаја да упатат ниту еден директен удар кон голот на Наполи и загубија со 1-0.

Се вчитува...